english

Обука на наставниците

Подготовките за реализација на програмата Junior Achievement започнуваат со одржување на семинари за обука на наставниците.
Секоја година за наставниците и професорите од основните и средните училишта се врши обука за различни курсеви од Junior Achievement програмата.
 
Во почетокот обуката на наставниците ја врше професионални тренери од САД и тоа: Кати Филипс од ЈА Синсинати од Охајо, САД, за наставниците од основните училишта, Дог Бојд, директор од ЈА Мидлтаун, Охајо и Дарел Раинерс, волонтер на ЈА од Тексас, САД, сопствeник на софтверска компанија, ја вршеа обуката на професорите од средните училишта од програмата Применета економија и од Програмата компанија, вклучително и Програмата MESE за компјутерски симулации на бизнис одлуки. Нивната помош и методологија при обуката беше од извонредно значење за нашата организација и за понатамошната обука на наставниците со домашни тренери.
На семинарите се доставуваат материјалите за учениците кои се бесплатни и се преведени на јазиците на националностите.
 

© JA Macedonia, 2005.