english

Летни кампови

Досега Junior Achievement Македонија за најдобрите и најуспешните ученици од Македонија и странство организираше 5 меѓународни летни кампови на Преспанското и Охридското Езеро. Секоја година 100 ученици учествуваат во двонеделните активности и натпревари во MESE програмата, која претставува компјутерска симулација на бизнис одлуки.
Во попладневните часови и вечерите, учесниците учествуваат во разни натпревари како: пливање, кајак, одбојка на плажа, како и неизбежните натпревари во фудбал, кошарка и пинг-понг. Вечерите се резервирани за диско забави, како и посебната забава во пиџами; а незаборавни се излетите на Преспанското и Охридското крајбрежје. Кампот секогаш завршува со традиционалниот логорски оган, печени колбаси, многу песни и безалкохолни пијалоци.
Нашите гости од странство придонесуваат за прекрасните доживувања и искуства. Досега на овие кампови земаа учество учениците од Романија, Литванија, Латвија, Австралија, Бугарија, Албанија, Унгарија и Србија и
Црна Гора. Овие кампови им даваат можност на нашите ученици да се запознаат со многу од нив, како и да ги зацврстат пријателствата склопени на овие средби, кои продолжуваат да се развиваат преку писма и интернет.
Ние веќе го планираме нашиот следен летен камп 2005 година за кој веќе се прави програмата и се утврдува датумот кој ќе се објави во текот на мај. Се надеваме дека и оваа година ќе им ги покажеме убавините на нашите езера и планини на нашите гости од странство.
 

© JA Macedonia, 2005.