|
english
|
САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО СОПСТВЕН БИЗНИС -
(Дали сакаш да имаш сопствен бизнис?!)
Буџет:
52.500 евра од кои 47.500 евра се финансирани од Европската агенција за
реконструкција, а остатокот од Фондацијата Институт отворено општество -
Македонија
Организација апликант: Економско образование на млади менаџери -
Junior Achievement Macedonia
Правен статус: Здружение на граѓани
Лице за контакт: Јасмина Манева Галевска
Адреса: Орце Николов бр. 113, 1000 Скопје
Контакт: тел. +389 2 32 32 653, факс:+389 2 32 32 652
e-mail: jmaneva@soros.org.mk
Партнерски организации:
Фондација Инситут отворено општество - Македонија
Економски институт Скопје
Вид на активности: Обука и советување
Времетраење: 10 месеци (24.06.2004 - 30.04.2005)
Место на активноста: Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар,
Битола, Охрид
Целна група: Млади од 18-30 години, вкупно 270 учесници , поделени
во 9 групи од кои: 2 македонски, 5 ромски и 2 албански
Резултати: Обука, изработка на бизнис план, крерирање на нови
работни места
Краток опис
Цел на проектот е да се развие претприемништвото преку советување и обука
на млади невработени лица. Активнсотите ќе придонесат за зголемување на
способноста за вработување на невработените лица и намалување на
невработеноста меѓу етничките малцинства.
Проектот ќе ги обучи учесниците преку теорија и пракса (симулација, играње
на улоги и други практични вежби во и надвор од училницата) да станат
претприемачи, поконкретно:
• Да подготват бизнис план
• Да се запознаат со финансиски и банкарски прашања
• Да се запознаат со правни и административни (регистрација) прашања.
Целните групи се составени од лица од различни малцинства во различни
локации. На крајот од прокетот ќе биде можно да се споредат исходите и
резултатите постигнати од учесниците од различни целни групи, односно
колку лица се самовработиле.
Повеќе >
www.imc-sep.com.mk
|
 |