english

Оперативен пристап

Јunior Achievement (JA) игра улога на најзначаен ресурс за младите и невработените. ЈА програмата треба да е најзначаен извор на информации за младите претприемачи и новите почетници во бизнисот во Република Македонија. Всушност ЈА во 2005 година ќе се занимава со неколку целни групи на кои никогаш не им се обрнувало внимание како млади и невработени.

Промоција на one-stop shop концепт. ЈА програмата треба да понуди концепт за претприемачко знаење и искуство, давајќи информации, совети и обука на членовите. Приодот кон овие целни групи треба да ја вклучува актуелната и интернет бизнис поддршка , преку креирање на најдобар on-line ресурс за младите и потенцијални бизнис претприемачи, чиишто интереси и познавања за World Wide Web се големи и нивните способности за учење преку мрежа се максимални.

Промовирање и подршка на претприемачкиот дух и вештини. ЈА програмата треба да понуди подршка на младите и невработените, на жените за започнување на бизнис, одржување на успешен бизнис, снабдување со стоки и услуги потребни за бизнисот, поврзување со истомисленици од земјата и светот, разговор и помош во барање на потребните финансии за започнување на бизнис.

Полесен пристап на целните групите кон постоечките бизнис услуги. ЈА програмата треба да прерасне во единствен и иновативен ресурс за постоечките двоумења помеѓу младите претприемачи „каде и како да започнат?“. Притоа, треба да им се овозможи полесен и слободен пристап до постоечките бизнис услуги во земјата на целните групите, како што се поставување на прашања на експерти и/или на бизнис советници за бесплатен совет или помош.

Вклучување на искусни бизнис експрети и советници во секојдневните активности. ЈА програмата треба да понуди високо ниво на практично искуство, know-how, контакти и информации за соодветните целни групи. За да се постигне тоа, потребно е воспоставување на механизми за постојана професионална поддршка. ЈА програмата ќе ги користи постоечките бизнис советници во Република Македонија и ќе им понуди соработка било на волонтерска или на платена основа. Нивното вклучување ќе биде посебно корисно кога ќе се објавуваат електронски и печатени бизнис информации, или кога ЈА ќе организира обука, информативни и промотивни работилници, семинари, презентации, отворени денови итн.

Воспоставување на Бизнис центар за млади предприемачи во Скопје. Делувањето на овој центар ќе им овозможи на младите од Скопје да се здобијат со образование од областа на претприемништвото и стекнување на информации за услугите кои се даваат во организациите за финансиска и бизнис поддршка. Главна цел е промоција на концептот за претприемништво помеѓу младите во скопскиот регион. Центарот ќе врши обука на потенцијалните претприемачи помеѓу учениците од среднте училишта, невработените и млади луѓе вработени во мали и средни претпртијатија, давајќи им информации, образование, совет, консултации и административна поддршка. Центарот ќе организира и ќе одржи 18 работилници за 360 учесници и секојдневни информации и советодавни сесии со просечно 1000 млади луѓе на следниве теми: како да се подготви бизнис план; како да се дефинира идејата на хартија; кои се законските процедури во процесот на регистрација на претпријатијата и даноците; која е користа од маркетингот и истражувањето на пазарот; како и каде да се бара заем.

Проширување на мрежата преку воспоставување на регионални канцеларии на Бизнис центарот за млади претприемачи во најмалку два други региони од Македонија до крајот на 2005 година. ЈА програмата не само што ќе воспостави и отвори Бизнис центар за млади претприемачи, туку исто така ќе помогне во ширењето на мрежата на вакви центри низ регионите во Македонија. Регионалните канцеларии ќе ја имаат улогата на советник и поврзувач на целните групи со релевантните организации за развој на финансиите/бизнисот во регионот. Главна задача на регионалните канцеларии ќе биде да ги застапува младите и невработените и да им овозможи лесен и слободен пристап кон постоечките бизнис услуги. Главна цел на регионалните канцеларии ќе биде промоција на концептот на претприемаштвото во определениот регион и давање на директна подршка на целните групи. Регионалните канцеларии ќе овозможат информации и обука на потенцијалните претприемачи помеѓу учениците од средните училишта и студентите, невработените и вработените во производството.

ЈА програма за жени претприемачи. Досега не постои системско истражување за жените кои се сопственички на бизниси во Република Македонија. Оваа програма ќе креира прв статистички приказ кој се однесува на статусот на жените сопственички на бизниси и оние кои поседуваат бизнис. Тоа ќе овозможи важни податоци за активностите на жените во македонскиот бизнис свет и ќе им овозможи пристап на сите невработени жени од земјата да се обезбеди бизнис подршка преку услугите на ЈА програмата како ЈА Web Site, JA Advertising program (JAAP), и Electronic Labour Market (ELM). Цел на програмата ќе биде да им се помогне на жените коишто започнуваат или прошируваат сопствен бизнис и кои се социјално и економски зависни, и на оние кои беќе поседуваат бизнис. Идејата за оваа програма е да го поддржат создавањето и развојот на семејните бизниси во кои децата и мајките заедно ќе започнат и водат бизнис којшто води кон економски просперитет и интеграција на сите членови на семејсвото.

ЈА програма за формирање на филјали. Училиштата, општините, младите, невработените и жените ќе се приклучат на ЈА програмата, ако таа возможува лесен личен пристап или пристап преку интернет (соодветните инфо центри). Инструментите како PC-компјутер, врската со интернет, или обучените ЈА наставници и/или ЈА асистенти (каде е возможно) ќе создадат подлога за директен пристап кон програмата и нејзините содржини преку интернет било на национално или регионално ниво. Чекорите за станување член на филјалата треба да бидат што е можно по едноставни, така што јасно се објаснува користа и одговорностите на секој иден потенцијален член. Членството во целните групи т. е индивидуите треба формално да биде подржано и потпомогнато од Министерството за образование на Република Македонија, општините, т.е. канцелариите на градоначалниците, центрите за развој на бизнисот (ако во регионот постојат такви) и centrite за вработување во државата.

Креирање на ЈА веб страница. Преку on-line содржините на професионален начин ќе бидат упатувани сите корисници (неограничен пристап според членарината) и сите посетители (лимитиран влез со лозинка) без оглед колку далеку се лоцирани од ЈА центрите. По внесувањето на податоците за нивното членството во ЈА Веб страницата ќе имаат пристап до најновите информации за започнување и успешно водење на бизнис. Тимот на ЈА асистенти постојано ќе ја надополнува страницата, давајќи им информација на членовите за она што им е потребно да знаат и им давајќи им упатства и за успех. Во почетокот вниманието ќе биде кон (краткотрајни цели) македонскиот пазар, но подоцна (подолгорочна цел) ќе се прошири кон европскиот пазар. Електронското поврзување на ЈА програмата ќе отвори нови хоризонти за нејзините членови и ќе им овозможи достапно количество на knou-haw и информации. Тоа ќе го трасира патот кон развој на бизнисот и интеграцијата во целните групи во поголеми бизнис заедници.

ЈА програмата за рекламирање со фокус кон креирање на електронски пазар на трудот. Програмата ќе се однесува на јавноста која сака да дознае повеќе за претприемништвото давајќи им мноштво информации за својот бизнис и можност за поврзување со претприемачите од светот. Таквата јавност ги опфаќа младите, невработените, жените, големите компании, малите и средни предпријатија и бизнис советници. Како огласувач може да се појави и поединец или бизнис за да се претстави на потенцијалните муштерии во идеално светло за тие да го купат неговиот производ или услуга. Програмата на ЈА за рекламирање идеално би дејствувала во електронска форма на ЈА веб страницата. Програмата би функционирала како електронски пазар на трудот, каде огласувачите ќе ги објават слободните работни места во компаниите, каде поединци може да бараат работа, или каде бироата за вработување ќе ги објавуваат најновите слободни работни места во производството. Поради тоа ЈА програмата ќе се фокусира на постојаното членство на бироата за вработување како еден од основните приоритети. Во соработка со бизнис заедниците и локалните социјални партнери, ЈА програмата за рекламирање ќе обезбедува пристап кон работните места за младите, невработените и жените од целата земја. Ова ќе овозможи појава на пакети за рекламирање кои ќе ги исполнат специфичните барања на огласувачите. Така ЈА програмата за рекламирање ќе овозможи давање на огласи по принципот “Button Advertisement” кои што овозможува поставување на оглас на прво место на ЈА веб страницата (така наречените buttons се со максимална големина од 150x75). Алатката позната како “Banner Advertisement” ќе им овозможи на бизнисите и на оние коишто бараат работа да ги постават своите огласи на видно место на веб страницата како и на внатрешните страници. Огласите ќе ротираат низ сајтот. Овие огласи ќе се плаќаат од огласувачите според ценовникот определен од бордот на ЈА. Огласите кои ќе бидат објавени од младите, невработените и жените нема да се наплаќаат. Сите огласи треба да се со големина 150x50 и не смеат да се поголеми од 8К.
 

© JA Macedonia, 2005.