|
english |
Мисија
Да ги инспирира и да им помага на младите
луѓе да се здобијат со познавање за бизнисот и економијата, да ја
вреднуваат пазарната економија, развиваат претприемачки и лидерски
способности, важноста на образованието на работното место и влијанието на
економијата на нивната иднина.
Опис на проектот
ЈА е прогама за економско образование на младите луѓе од 7 до 30 годишна
возраст. Оваа програма се применува во преку 110 земји во светот, а
Македонија е членка на оваа меѓународна организација од 1996 година.
Проекотот се состои од комбинација на теорија и пракса , кои се
прилагодени на возраста на учениците, обезбедувајќи соодветно познавање за
пазарната економија. Бидејќи оваа програма е прифатена во светот, таа
претставува извонредна можност за македонската младина да стане дел од
интернационалната бизнис заедница, со еднакво знаење, исти погледи, исти
модели на водење на бизнис и со ист јазик (курсевите се изведуваат на
англиски јазик).
Демократски цели
Развојот на свеста за пазарната економија кај младите во Македонија ќе
биде од голема помош за унапредување на демократската пракса во
Македонија. Всушност, оваа образовна програма овозможува прогресивни и
многустрани ефекти за градењето на граѓанство и отвореното општество.
Покрај сегашните ученици, за само неколку години ќе се создаде критична
маса на идни млади бизнисмени, кои ќе можат да ја водат нашата земја кон
пазарно ориентирана економија и подемократско општество.
Долгорочни планови
Нашите планови се да се реализираат сите програми на JA до 2006 година со
групи на македонски, албански, турски и српски јазик. Во финалната фаза на
процесот на имплементација ние планираме да воспоставиме 600 JA групи (што
значи 50.000 идни граѓани образувани по овие програми). Имајќи ги предвид
компјутерските стимулации кои е составен дел на сите ЈА курсеви, напревени
се напори секое училиште да се обезбеди со компјутер. Исто така, ние
работиме на отворање на Cyber клубови во 20 градови во Македонија (каде се
изведува ЈА програмата), со цел да се обезбеди простор и подршка за
заедничките активности на учениците (вклучувајки ги сите ученици од
Македонија, како и оние од малцинствата или од малите етнички групи).
Кратка историја
Junior Achivement Македонија започна со работа во февруари 1996 година со
една експериментална група. Во учебната 1997/98 година беа формирани 50
групи во основните и средните училишта во Скопје. Во учебната 1998/99
година проектот се прошири уште во 20 градови во Македонија (околу 40 нови
групи) со вкупно 5000 ученици. Нашите најдобри ученички компании успешно
се натпреваруваат на меѓународните натпревари на HPGBS спозорирани од
Hewlett- Packard (заедно со 1000 ученички компании од цел свет) и на ЕУРО
MESE, каде натпреварот се одвива помегу земјите ченки на ЈА од Централна и
Источна Европа. За да се воспостават културни и пријателски врски помеѓу
нашите младинци и младите од целиот свет, ние организираме Меѓународни
летни кампови (во кои учениците ги совладуваат компјутерските стимулациии
како и разновидните спортски активности) и испраќаме наши ученици во
странство.
Junior Achivement Македонија е регистрирана како независна невладина
организација, основана од Фондацијата институт oтвореното oпштество-
Македонија, но делува самостојно од 15 април 1997 година. Финансирањето е
главно од странски донатори во вид на грантови или in-kind (Фондација
институт отворено општество-Македонија, Европска агенција за
реконструкција, Канцеларијата за односи со јавноста на Американската
амбасада, Македонска развојна фондација за претпријатија, Швајцарската
амбасада, Светската банка, Мировниот корпус на Македонија, Американската
гимназија „Нова“ во Скопје, „Фершпед“- Скопје, општините Велес и Битола).
|
 |