english

Вовед

Junior Achievement (ЈА) е една од најголемите и најраспространетите непрофитни образовни организации во светот, која а посветена на градењето мостови помеѓу училницата и работното место. Програмата ја реализираат наставници и волонтери во САД и 110 земји во светот. Преку 5,5 милиони млади луѓе учествуваат во ЈА програмата низ целиот свет од Албанија до Зимбабве

Програмата е воведена пред 85 години во САД за да прерасне во интернационална организација во 1989 година. Junior Achivement Македонија е основана во 1996 година. Ние нудиме 14 програми за учениците на возраст од 7-18 години, кои се реализираат во основните и средните училишта. До сега со програмата се опфатени 22.000 ученици од цела Македонија.
Програмата Junior Achievement долгорочно е во функција на остварување на основната мисија на програмата, а тоа е поддршка и унапредување на активностите насочени кон економски и деловен развој на Македонија како и намалување на невработеноста како еден од клучните прашања и предизвици за иднината. Искуство на Junior Achievement во работата со младите од 18-30 годишна возраст несомнено го потврдува сознанието дека е подобро превентивно да дејствуваме и да креираме работна сила на 21 век која спремно ќе ја води нашата земја во подобро и подемократско општество во следните неколку години.
Развојот на бизнис заедницата во Македонија и вклучувањето на младите во стопанските текови е еден од целите и задачите на нашата организација, со цел земјата да се вклучи што побрзо и да се интегрира во Европаската Унија . Затоа клучот за иднината е младата генерација која е поадаптибилна и едуцирана спрема потребите на новиот економски систем- пазарната економија. Ова всушност е и основна цел на Junior Achievement прграмата.

Кој има корист?

Учениците имаат корист од ова искуство кое се потпира на практичните можности за учење коишто претставуваат прозорец кон светот на бизнисот. Преку следење на примерите од светот на бизнисот, учениците ќе можат да ги истражат можностите за нивната идна кариера и да ги стекнат сите важни квалитети потребни за менување на светот.
Наставниците исто така учат од нивната соработка со бизнис експертите кои го внесуваат своето практично искуство во училницата. Наставниците и учениците имаат подеднаква корист од квалитетните ЈА образовни материјали, а во соработка со бизнис волонтерите се воспоставува партнерство со бизнисите од нивната заедница.
Бизнис волонтерите исто така имаат корист од оваа мошне исплатлива работа. Предавањето на Junior Achievement програмата во училиштата за нив претставува предизвик и начин за личен развој на менаџерските способности, како и можност за развој на способностите за презентација и менторство.
Спонзорските организации исто така се истакнуваат во заедницата како граѓани одговорни и отворени за соработка. Всушност, помагајќи им на учениците да се запознаат со светот на бизнисот, овие компании ја обучуваат работната сила на иднината.

Junior Achievement Македонија

Junior Achivement започна во Македонија во декември 1996 година. Нашиот годишен буџет изнесува 100.000 УСД. Бројот на населението во Македонија изнесува 2,2 милиони, а наставата се реализира на македонски, албански, турски и српски јазик. Организацијата ја доби награда за иновација од JA International во 1999 година; освои повеќе први места на меѓународните саеми на ученички производи во Австрија, Швајцарија, Русија и Холандија; наши ученици учествуваa на финалето во Калифорнија како финалист на HPGBC vo 2000 и 2002 година и го освоиja третото односно второто место; пет години организира меѓународени летни кампови; ја освои наградата за најдобар ученик на ученичката конференција во Злин, Република Чешка, во 2001 година.

ЈА Македонија досега ги реализирала следниве програми:
1. Програма за основни училишта
2. Програма за средни училишта
3. MESE- компјутерски симулации
4. Банки во акција
5. Применета економија
6. Програма Ученичкa компаниja
7. Глобус
8. Hewlett-Packard глобален бизнис предизвик
9. Етика во бизнисот


Персонал:
1. Д-р.Весна Стојанова, претседател на асоцијацијата
2. Јасмина Манева Галевска, извршен директор
3. Анита Николеска, асистент на програмата


ЈА Македонија опфаќа 22. 000 ученици од 45 основни и 40 средни училишта од 1996 до 2004 година.

Цел на Junior Achivement Македонија е да ги образува и инспирира младите да го вреднуваат пазарното стопанство, да го разберат бизнисот и економијата и да развиваат претприемачки способности и лидерски вештини.

© JA Macedonia, 2005.