|
english
|
НОВОСТИ
САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО СОПСТВЕН БИЗНИС -
(Дали сакаш да имаш сопствен бизнис?!)
Краток опис
Цел на проектот е да се развие претприемништвото преку советување и обука
на млади невработени лица. Активнсотите ќе придонесат за зголемување на
способноста за вработување на невработените лица и намалување на
невработеноста меѓу етничките малцинства.
Проектот ќе ги обучи учесниците преку теорија и пракса (симулација, играње
на улоги и други практични вежби во и надвор од училницата) да станат
претприемачи, поконкретно:
• Да подготват бизнис план
• Да се запознаат со финансиски и банкарски прашања
• Да се запознаат со правни и административни (регистрација) прашања.
Целните групи се составени од лица од различни малцинства во различни
локации. На крајот од прокетот ќе биде можно да се споредат исходите и
резултатите постигнати од учесниците од различни целни групи, односно
колку лица се самовработиле.
Повеќе >
www.imc-sep.com.mk
повеќе >>
ЕТИКА ВО БИЗНИСОТ
Недостатокот на јасни регулативи за „правилата на игра“ за водење бизнис доведоа
до бројни негативни импликации за бизнисите во Р. Македонија. Оваа
практика е типична за сите стопански субјекти како домашни така и
странски. Сфаќањето дека во Македонија сè е дозволено е широко
распространето: злоупотреба на монополска позиција, непочитување на
законите и регулативите, отсуство на ефикасна контрола и казнени
механизми, недостаток од јасни и транспарентни процедури кои го регулираат
комерцијалниот, технолошкиот и процесот на приватизација и инвестиции.
Нашите компании се сè уште
многу далеку од веќе прифатените меѓународни сатандарди. Осумгодишното искуство
на Junior Achievement во работата со младите несомнено го потврдува сознанието
дека е подобро превентивно да дејствуваме и да креираме работна сила на 21 век
која спремно ќе ја води нашата земја во посветла иднина.
повеќе >>
|
 |