english

ТТБИЗ

ТТБИЗ (Travel & Touirism Business) е Програма наменета за учениците со цел тие да научат за бизнисот во туризмот и како да започнат и да водат бизнис од областа на услугите. Со оглед на фактот дека во светот туризмот е гранка која најбрзо се развива, оваа Програма ќе им овозможи на младите да ја сфатат нејзината важност, да определи многу од нивните идни кариери.
Целокупната програма е базирана на Интернет. Учениците заедно со нивните професори стануваат партнери со ученици од други училишта од различни краишта на светот, давајќи им можност на младите да научат повеќе за туризмот во различните земји, културните и јазичните бариери, а воедно и да научат да го користат интернетот како технолошки незаменлив извор на информации.
Оваа Програма се применува во средните училишта за ученици од 14-17 годишна возраст. За отпочнување на ТТБИЗ треба да се контактира канцеларијата на Junior Achievement во Македонија каде ќе ги добиете сите потребни информации околу регистрирањето преку Интернет. За повеќе информации посетете ја следната веб страна: www.ttbiz.org

© JA Macedonia, 2005.