english

„Применета економија“

I клас

програмско подрачје: „Применета економија“
(28 часа)

цел:
Цел на оваа програма е учениците да се здобијат со елементарни сознанија од областа на пазарната економија, преку нивно практично имплементирање во функционирањето на ученичката компанија. Учениците стекнуваат знаења за основните економски категории на пазарното стопанство и како тие се рефлектираат врз деловното работење на едно претпријатие. Се оспособуваат да донесуваат рационални деловни одлуки, симулирајќи ги резултатите од нив и интерпретирајќи ги релевантните економски индикатори во окружувањето.

задачи:

  • учениците ги поврзуваат економските концепции и деловните принципи со реални животни ситуации;
  • учениците се оспособуваат да основаат и водат ученичка компанија;
  • се оспособуваат да користат компјутерски симулации за водење на бизнисот;
  • ја осознаваат улогата на националната економија во водењето на сопствениот бизнис;
  • се воведуваат на работно место, зависно од компетентноста и способностите;
  • се оспособуваат за тимска работа и развој на интерперсоналната ефикасност;
  • учат како да развиваат стратегии за решвање на конкретните проблеми во бизнисот;
  • се оспособуваат да оценуваат и градат способности и умешности потребни за дадено работно место;
  • изготвуваат целосна анализа на пазарот на работна сила;
  • ги развиваат и унапредуваат сопствените способности за успешно вработување.
© JA Macedonia, 2005.