|
english |
„Компанија“
II клас
I програмско подрачје: „Компанија“
(35 часа)
цел:
Цел на оваа програма е да им помогне на младите подобро да ја сфатат улогата
на бизнисот во нашето општество, како и да им обезбеди проширување на
нивните економски знаења на микро и макрониво преку продлабочување на
конкретни искуства од водењето на ученичката компанија стекнати од
предходната наставна програма. Во текот на изучувањето на ова програмско
подрачје се предвидува и збогатување на знаењата на учениците во однос на
нивното комплексно размислување при утврдувањето, менувањето и водењето на
деловна стратегија во ученичката компанија. Реализацијата на ваквата замисла
е овозможена со примена на компјутерската симулација на деловното
одлучување. задачи:
- да ги оспособи учениците да организираат и водат сопствена компанија, како и
да ги согледаат и анализираат сопствените потенцијали и афинитети во рамките
на компанијата;
- да ги прошири знаењата за бизнисот, стопанството и претприемништвото
обезбедувајќи комплексен пристап;
- да стекнат знаења за развивање на деловна стратегија за компанијата која во
себе ги содржи: бизнис планот, планот на производство, финансовиот и
маркетинг план, односно сите елементи на маркетинг миксот;
- да ги совладаат умешностите на менаџментот во компанијата: да се произведува
производ/услуга; да се следи продуктивноста, да се оценува квалитетот на
производот/услугата и да се креира стратегија за продажба, како и да се
симулираат резултатите од планираните одлуки;
- да ги развие комуникациските и лидерски способности на учениците, преку
продлабочување на знаењата за човековото однесување и можностите за
професионален раст на секој во компанијата;
- да се оспособат за составување на годишен извештај за акционерите, планирање
на професионалниот развој на вработените и ликвидација на компанијата.
|
 |