english

ЈА Македонија - факти и бројки

Junior Achievement е програма за економско образование на млади (од 7-18 годишна возраст), која со комбинација на теорија и пракса, прилагодена на возраста на учениците и компјутерските симулации на бизнис одлуки, се обезбедува потребното знаење за пазарната економија, се изградува и мотивира нивниот претприемачки дух.
Овој проект ќе обезбеди активен пристап кон идниот развиток на македонската економија, со подготовка на младите генерација да станат добро обучени претприемачи, воспоставување на контакти со врсниците- идните деловни партнери од соседните земји, партнерство кое ќе им го покаже начинот како да се надминат политичките и информативни тешкотии на патот на правење бизнис.
Junior Achievement е непрофитна организација, финансирана од повеќе фондации, претпријатија и поединци. Од своето основање во 1997 година до денес, Junior Achievement продонесе во образованието на младите на полето на бизнисот и економијата во Македонија.

Програмата за основни училишта претставува курикулум за ученици од прво до осмо одделение. Програмата Самите ние (Ourselves) ја анализира економската улога на поединците, а во Нашето семејство (Our Families) говори за улогата на семејствата во локалната економија. Во Нашата заедница (Our Community) се истражуваат одговорностите и можностите што постојат во една заедница, додека Нашиот град (Our City) се занимава со економскиот развој, локалните бизниси и перспективите за работа. Нашиот регион (Our Region) ги прикажува економските и деловните ресурси во државната и регионалната економија, додека во Нашата држава (Our Nation) се проучуваат деловните (бизнис) активности и економски прашања во нашата држава. Нашиот свет (Our World) прави преглед на светските ресурси, економски системи, паричната размена и трговијата. Лична економија (Personal Economics) им помага на учениците да ги вреднуваат сопствените способности и интереси, да ги истражат можните професии, да се стекнат со вештини потребни за барање работа и практично да вежбаат личен и семеен финансиски менаџмент. Претпријатие во акција (Enterprise in Action) се осврнува на главните карактеристики на економските системи и улогата на бизнисите во нив. Меѓународен пазар (International Marketplace) им покажува на учениците како се поврзани со луѓе и култури од целиот свет преку трговијата. Економија на перманентно образование (Economics of Staying in School) ги објаснува економските бенефиции од образованието.

Програмите за средни училишта се курикулуми за ученици од прва до четврта година во средните училишта. Економија (Economics) е едносеместрален (полугодишен) курс во кој учениците ги учат основните концепти на микро, макро и меѓународна економија и ги применуваат на начин кој бара интелектуално ангажирање. Програма на компанија (Company Program), курикулум учениците како да организираат и водат претпријатие. Вештини за успех (Success Skills) им помага на учениците да ги совладаат вештините за меѓусебна комуникација и стратегиите за решавање проблеми кои се потребни на работното место и им помага на учениците да станат активни водачи во заедницата. Програмата Глобус (Globe) ги поврзува учениците од две различни држави преку формирање на joint-venture (увозно-извозна) компанија која ќе врши меѓународна трговија.

Развој на пограмата

Учебна година

Број на училишта

Број на ученици

1997/1998

45

1.500

1998/1999

89

5.000

1999/2000

89

8.000

2000/2001

89

12.000

2001/2002

89

15.000

2002/2003

89

18.000

2003/2004

89

20.000

2004/2005*

89

24.000

* очекуван број

22.000 ученици се опфатени со програмта за последните 8 години
6.000 ученици се запознаа со основите на пазарната економија во 2004 година
350 натавници и консултанти се обучени во ЈА програмата во 2004 година
89 основни училишта (44) и (45) средни досега се вклучени во ЈА програмата
20 градови ја реализираат програмата и учествуваат во ЈА активностите
14 образовни програми се изведуваат во училиштата
1 единствена можност за учениците да се здобијат со образование и разбирање на пазарната економија, со цел да ги зголемат своите шанси за успех во иднината.

ЈА програмта се изведува на мајчин јазик на учениците во комбинација со деловен англиски јазик. Сите едукативни материјали за учениците и наставниците се бесплатни и се преведени на македонски, албански, турски и српско-хрватски јазик. Во моментов во рамки на ЈА програмата 75% од учениците ја следат наставата на македонски наставен јазик, 17% на албански, 6% на турски, 1% на српски и 1% на ромски јазик. Junior Achievement обезбедува обука за наставниците, учебници и вежбанки за учениците како и компјутери за училиштатта кои се опфатени со програмата.
Со оглед на целокупната политичка ситуација во земјата ЈА програмата прави напори да се промовира интеретничкиот дијалог помеѓу учениците преку организирање на разни домашни и интернационални активности, бидејќи македонските учениците соработуваат со ученици од другите земји, како и со малцинствата во Македонија.

Приоритети на ЈА програмата до крајот на годината

Ние ги продолжуваме нашите напори да ја вклучиме програмата Junior Achivement во редовниот образовен систем. Исто така, наш приоритет е да го зголемиме бројот на ученици кои ги посетуваат ЈА програмите, како и бројот на обучени професори кои ја реализираат наставата во училиштата.
Се прават напори да се прошири програмата уште во 15 општини во Скопје и низ Македонија.
 

© JA Macedonia, 2005.