english

JA Програма за основните училишта (I-VIII одделение)

Во ЈА програмата за основните училишта, учениците учат нови концепти и вештини во последователни курсеви, прилагодени за возраста на учениците. Преку програмските теми учениците учат како да се однесуваат во улога на поединец, потрошувач и работник во општеството.

ЈА Програма за основните училишта се состои од следниве програми:

  • Самите ние - запознавање со местото и улогата на поединецот и важноста на штедењето;
  • Нашето семејство - согледување на улогата на семејството и дефинирање на разликите помеѓу желбите и потребите;
  • Нашата заедница - студија на одговорностите и можностите на членовите на зедницата;
  • Нашиот град - практични знаења и информации за бизнисот и основните занимања во градот;
  • Нашиот регион - студија за државната и регионална економија, бизнисите и ресурсите;
  • Нашата држава - анализа на улогата на државата во стопанството.
  • Светот во кој живееме - учење за меѓународната трговија и улогата на поединецот во глобалната економија;

  • Лична економија - програма која им помага на учениците да ги оценат своите способности и интереси, да ги истражат можните переспективи од различен избор на професија и да ја сфатат вредноста на образованието. Учениците учат што е тоа буџет, личните и семејни финансии и предностите и негативностите од користењето на кредитот;
  • Претпријатие во акција - учениците стекнуваат знаење за претпријатието како дел од стопанството, што е тоа профит, пазар на капитал, улогата на бизнисите во стопанството итн.;
  • Меѓународен пазар - учениците стекнуваат занења за улогата на меѓународниот пазар во функционирањето на стопанството, добиваат сознанија за ресурсите, бариерите во меѓународната размена;
  • Економијата од натамошното образование - учениците ја согледуваат сопствената перспектива, избор на професијата што ќе го направат, репекусиите од таквиот избор и значењето што го има понатамошното образование врз нивниот живот.

© JA Macedonia, 2005.