„Нашиот свет“
IV одделение
„Нашиот свет“
(10 часа)
цел:
Основна цел на темата „ Нашиот свет“ е да ги воведе учениците во клучните
аспекти на стопанствата на разни земји и да им помогне да ја сфатат
економската меѓузависност на најголем број на земјите во светот.
задачи:
- надополнување на знаењата за општеството со знаења и концепции за
економијата и бизнисот;
- развивање на свесноста на учениците за меѓународната трговија и разликите
меѓу увозот и извозот;
- да обезбеди разбирање на улогата на надворешно-трговската размена на
светскиот пазар;
- согледување на предностите и комплексноста на меѓународната-светска размена;
- да се согледа и сфати улогата на секој поединец во глобалната економија;
- да се осознае клучната улога на образованието за вработување на работни
места поврзани со глобалната економија.
|