|
english |
„Самите ние“
I одделение
I тема: „Самите ние“
I полугодие,
(10 часа)
цел:
Цел на програмата „Самите ние“ е учениците да ги спознаат своето место и
улога во своето одделение, да ги идентификуваат економските активности што
ги прават во текот на денот и да ја согледаат улогата и важноста на
штедењето. задачи:
- да се надополнат основните содржини во основното училиште со умешности и
знаења за бизнисот и светот на економијата;
- да се развива свест кај учениците за личната економија;
- да се зголеми нивното разбирање на личната економија;
- да им помогне да ја откријат улогата на поединецот која тој во животот ја
има како индивидуа, работник и потрошувач;
- учениците да станат свесни за важноста од нивното понатамошно школување.
|
 |