english

„Моето семејство“

I одделение

II тема: „Моето семејство“
II полугодие, (8 часа)

цел:
Цел на оваа тема е учениците да стекнуваат знаења за правилно да ја оценуваат улогата на семејството во општествената заедница, рационално да ги дефинираат разликите меѓу потребите, желбите и реалните економски можности во семејството, да идентификуваат разни професии, да ја согледаат улогата на алатките и инструментите. Воедно се оспособуваат за симболично изразување во сферата на економските активности.

задачи:

  • подобро да сфатат што е семејство и кој го сочинува;
  • да разликуваат потреба од желба;
  • да станат свесни како секој член на нивното семејство придонесува за неговата благосостојба;
  • да ги осознаат професиите со кои се занимаваат членовите на семејството;
  • ја осознаваат важноста на понатамошното школување заради понатамошен развој на професијата што ќе ја изберат.
© JA Macedonia, 2005.