|
english |
„Претпријатие во акција“
VI одделение
„Претпријатие во акција“
(26 часа)
цел:
Цел на програмата е учениците да стекнат знаења за претпријатието како дел
од стопанството, приватната сопственост, производството и услугите,
продуктивноста на трудот, што е тоа профит, пазарот на капитал итн.
Воедно, тие ќе се оспособат да ги дефинираат своите позиции на пазарот, да
развиваат маркетиншка стратегија, да користат разни техники за решавање на
проблемите во работењето и сл.
Врз основа на претходните знаења и техники, учениците ќе можат да изградат и
сопствени ставови за профитот, успешноста на стопанисувањето, за значењето
на продуктивноста на трудот во работењето итн.
задачи:
- учениците ги совладуваат основните принципи на стопанисувањето и
улогата на бизнисот во него;
- учат како се организира претпријатие и кои се неговите основни
функции;
- ги осознаваат основните карактеристики на процесот на производство и
на продажба на производот;
- ги проучуваат основните функции и инструменти на маркетингот;
- учат како да ја одржат конкурентноста на претпријатието;
- се здобиваат со основни сознанија за пазарот на капитал;
- се оспособуваат да ги согледаат етичките и економските проблеми со кои
вообичаено се среќава секое претпријатие;
- се оспособуваат правилно да ја согледаат и оценат макроекономската
политика на државата;
- ги осознаваат и користат основните економски индикатори за следење на
економските трендови.
|
 |