english

Кредо на Програмата Junior Achievement Македонија за 2005 година:

ЈА Македонија обезбедува еднакви можности за младите без оглед на етничката, верската, религиската, сексуална ориентираност, семен статус и возраст.

ЈА Македонија верува дека етничката различност е клуч за креативноста, економскиот развој и соработката помеѓу сите етнички групи кои живееат во Република Македонија.

ЈА Македонија ќе создаде и развие таква програма која ќе го унапреди меѓуетничкиот дијалог преку економското образование и соработка.

ЈА Македонија ќе им помага и ќе ги опфати најзагрозените и запоставените социјални групи во Република Македонија, т.е. младите и невработените, безоглед на нивното етничко потекло.

ЈА Македонија постојано ќе го следи сттусот и пречките за социјална и економска интеграција на младите и невработените како и жени, а исто така ќе даде препораки за подобрување на нивниот социјален статус на регионално, национално и владино ниво

ЈА Македонија постојано ќе биде фокусирана на развојот на соработката помеѓу соодветните бизнис организации, финансиски институции,странски донатори, владини и невладини тела за промоција на корисноста на проектот во групите.
 

© JA Macedonia, 2005.