english

 

донатори



Фондација Институт отворено општество -Македонија


Европска агенција за реконструкција


Светска банка


Американска амбасада,
Канцеларија за односи со јавноста


Швајцарска амбасада


Македонска развојна фондација за претпријатија

Овој проект е делумно поддржан со грант на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на авторот(ите), и не значи дека тие се одраз на ставовите на Стејт Департментот или Владата на САД.

ПРВ НАЦИОНАЛЕН БИЗНИС ПЛАН НАТПРЕВАР ВО МАКЕДОНИЈА
Бизнис план натпреварот се однесува за сите универзитетски студенти на додипломски и последипломски студии од Македонија. Не е ограничен само на оние студенти кои студираат бизнис, туку се охрабруваат да аплицираат и оние кои студираат на другите Универзитети за природни, општествени и технички науки.

КРАЕН РОК

1. Напишаниот Бизнис план треба да се поднесе најдоцна до 07.11.2008 година на e-mail адресата: businessplan@prodigy.net
2. Десетте финалисти ќе бидат објавени на 14.11.2008 година.
3. Десетте финалисти и нивните професори треба да пристигнат во Тетово во петок, на 21.11.2008 година во 14:00 часот на Државниот универзитет во Тетово за да го презентираат својот бизнис план во панел дискусија, пред членовите на жирито.
4. Победниците ќе бидат објавени на свечената вечера на 21.11.2008 година во 19:00 часот.
5. Тимовите ќе бидат наградени со парични награди и тоа: прво место 1.000$, второ место 500$, трето, четврто и петто место по 250$. Останатите пет финалисти ќе добијат по 100$.

ПРАВИЛА

Студентите треба да аплицираат како ТИМ составен од 2-3 лица од сите студиски години. Секој тим треба да има универзитетски професор.
Тимовите треба да развијат идеја за потенцијални производи или услуги кои можат да се произведат и продадат во Македонија или на странски пазари.
Идеите можат да се однесуваат и на решавање на социјални, економски, правосудни или законски проблеми преку креирање на невладина организација.

УПАТСТВА

За напишаните бизнис планови не постои ограничување во однос на бројот на страници. Но, 10 страници се обично доволни за образложување на идејата.
Тимовите можат да приложат материјали, истражувања или прототипови и друго, кои се директно поврзани со наративниот дел од бизнис планот.
Бизнис планот може да се поднесе на македонски, албански или англиски јазик.

МОДЕЛ НА БИЗНИС ПЛАНОТ (секој дел ТРЕБА да биде образложен во напишаниот план)

1. Универзитет, имиња на членовите на тимот и име на универзитетскиот професор и неговата/нејзината титула.
2. Кое е името на Вашиот бизнис?
3. Детален опис на производот или услугата кои ќе ги произведува/нуди за продажба Вашиот бизнис?
4. Анализа на потребите/желбите на купувачите (или бизниси) кои Вашиот производ/услуга ќе ги задоволи?
5. Која е Вашата конкуренција? Во споредба со Вашата конкуренција, во каква положба ќе биде Вашиот бизнис во однос на цената, географската положба, квалитетот, погодноста и др.?
6. Проценете ја големината на Вашиот пазар и оценете дали има доволно потенцијални купувачи кои ќе го направат Вашиот бизнис одржлив и колку профит очекувате во некој разумен временски период.
7. Колку ќе Ве чини да го започнете својот бизнис (т.е. да ја произведете и да ја продадете ПРВАТА единица производ)?
8. Како ќе заработите пари од Вашиот бизнис? (всушност кој е Вашиот БИЗНИС МОДЕЛ - проверете на www.google.com за дефиниција).
9. Од каде ќе најдете пари за да ги купите средствата потребни за да го произведете и продадете Вашиот производ/услуга?
10. Како ќе изгледаат Вашите трошоци, приходи и профити во првата, втората и третата година откако ќе го започнете Вашиот бизнис?


СРЕЌНО!

 


креирано од блесок.веб.дизајн
© JA Macedonia, 2005.