|
english |
Активности / настани
Со цел да се остварат целите на организацијата, заедно со теоретската
обука ЈА организираше разни натпревари за учениците, како и учество во
различни меѓународни активности на Junior Achievement. Овие натпревари и
посети на конференции на учениците им даваат можност да се здобијат со
знаење за економијата и нејзиното влијание; да се зајакнат комуникациите
помеѓу учениците од регионот на Централна и Источна Европа и пошироко; да се
развијат нивните лидерски способности; да се надминат етничките и културните
бариери и да воспостават трајни пријателства.

Национален MESE натпревар
(Management and Economic Simulation Exercise)
Секоја година ЈА Македонија организира Национален MESE натпревар за
учениците од средните училишта. Всушност станува збор за компјутерски
симулации на бизнис одлуки, каде учениците се сопственици на претпријатија и
треба да донесат одлуки за производството, цената, маркетингот, инвестициите
и развој на производот. Најдобрите ученички компании земаат учество на EURO
MESE натпреварот и на Hewlett Packard Global Business Chalenge.
[детали]

EURO MESE натпревар 2005
EURO MESE е меѓународен натпревар преку интернет на кој се натпреваруваат
стотина екипи од повеќе земји од Европа и ќе бидат поделени во повеќе групи.
Најдобрите 3 екипи од секоја група ќе се квалификуваат во вториот круг,
формирајќи 4 нови групи. За повеќе детали, ве молиме посететет ја веб
страната: www.ja-ye.org
Hewlett Packard Global Business Chalenge
Секоја
година на Hewlett Packard Global Business Chalenge се натпреваруваат
околу 1.200 екипи од 98 земји , вклучувајќи и повеќе мултинационални cyber
екипи, чии членови се од различни земји. Натпреварот се одвива преку
интернет од од февруари до август, во кој учениците се натпреваруваат во
водење на сопствен бизнис и донесување на одлуки преку компјутерски
симулирана програма. Оваа година 3 екипи од Македонија ќе земат учество во
овој натпревар. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб страната:
www.jaintl.org/hpgbc
Меѓународен летен камп
За
да се обезбеди културно и пријателско поврзување меѓу младите од Македонија
и младите од светот, во текот на летниот период ЈА Македонија организира
меѓународни летни кампови на прекрасното Преспанско Езеро и Охридско Езеро.
Досега се организирани три летни кампови , во кои покрај 120 ученици од цела
Македонија учествуваат и младинци од Австралија, Романија, Литванија,
Латвија, Бугарија и Албанија. Часовите во кампот се одржуваат на англиски
јазик.
Во овие кампови покрај неколкучасовниот дневен работен ангажман (разни
компјутерски симулациони програми - MESE, Банки во акција), младите имаат
можност за избор на најразлични рекреативни, спортски и другарски активности
како: кошарка, одбојка, пинг-понг, рагби, кајак, пливање и др.
Последната
вечер се организира логорски оган, вклучувајќи ја традиционалната македонска
скара и песна. Исто така, секоја година се организира и еднодневен излет до
Охрид каде учениците од странство имаат можност да се запознаат со
македонската историја и култура и да ги запознаат убавините на Охридското
Езеро.
Десетдневното дружење им овозможува на учениците да стекнат нови
пријателства кои секако ќе продолжат и во иднина. Со оглед на фактот што
светот станува се помал благодарение на интернет врските, многу од овие
пријателства, да се надеваме, ќе прераснат во идни деловни врски.
[детали]

Работен ден во сенка
Мисијата на Работен ден во сенка е вклучување на учениците во светот на
бизнисот.
Наша цел е да се вклучат 1.000 ученици секоја година во овој проект.
Работен ден во сенка се состои од еднодневна посета на ученикот на работното
место на професионалецот за кој претходно ќе се изјасни. Секој ученик ќе има
можност да го избере она работно место кое најмногу го интересира и ученикот
го поминуваат целиот работен ден со неговиот партнер, за да добие комплетна
претстава за дневната рутина. Ученикот е „сенка“ на професионалецот во
смисла да не го ремети неговиот работен ден.
Работен ден во сенка:
- Ја демонстрира поврзаноста помеѓу учењето и кариерата и ги тера
учениците да мислат на своето идно образование во зависност од кариерата
која сакаат да ја изберат.
- Гради партнерство во заедницата помеѓу училиштата и бизнисите и го
зголемува искуството на учениците.
- Ги запознава учениците со потребите за одделните занимања и им помага
да се подготвуваат подобро и да се приклучат на работната сила во 21 век.
- Ги охрабрува младите да воспоставуваат врски помеѓу училницата и
работното место.
Работен ден во сенка им дава на младите луѓе нова перспектива за нивните
идни студии, бидејќи им дава безброј можности за нивната иднина. Према
досегашните евалуации овој проект ги мотивира младите да го продолжат своето
образование за постигнување на подобра кариера.
Дали Работен ден во сенка ги поттикнува учениците да се вработуваат наместо
да продолжат да студираат?
Напротив, учениците стануваат помотивирани да го продолжат образованието
откако ги набљудуваат луѓето на нивните работни места. Тие учат дека
посакуваните кариери бараат напорна работа и обично повисоко образование.
Тие добиваат разбирање од прва рака за важноста на образованието во светот
на професионалнците.
Обука на наставници
Програмата
Junior Achievemnet ја изведуваат наставниците кои претходно се обучени на
семинари, каде тие ја совладуваат методологијата на наставата и активностите
со кои на учениците ќе им се помогне подбро да ги совладаат наставните
содржини предвидени со Програмата. Должината на овие семинари е различна за
секој курс.
Вообичаено
семинарите за основните училишта траат еден ден за еден курс, додека оние за
средните училишта траат 3 дена. Овие семинари најчесто се одржуваат во Охрид
и по завршувањето на обуката, наставниците ги добиваат бесплатно сите
наставни материјали кои се обезбедени од ЈА Македонија.
Минатата година беа одржани четири семинари за 250 наставници од цела
Македонија за различни курсеви. [детали] |
 |